Британскиот производител на луксузни автомобили Бентли објави дека продажбата во САД ќе остане замрзната, бидејќи купувачите чекаат на пониски царини во рамките на трговскиот договор на Обединетото Кралство, а сѐ уште нема индикации кога договорот ќе биде активиран.
Велика Британија минатата недела постигна договор со американскиот претседател Доналд Трамп за царини од 10 отсто на 100.000 извезени автомобили во САД, во рамките на ограничен трговски договор, пренесува Гардијан.
Ова би било значително помалку од дополнителните 25 отсто давачки што САД ги наметнаа на остатокот од светот, но ниту Вашингтон ниту Лондон сѐ уште не објасниле како ќе функционира договорот во пракса.