Британија и Германија потпишаа договор за напредна подвижна артилерија

Договорот вреден околу 70 милиони долари опфаќа набавка на артилериски системи што можат да дејствуваат во движење и да погодуваат цели на далечина поголема од 70 километри.

Велика Британија и Германија потпишаа заеднички договор вреден околу 70 милиони американски долари за набавка на напредна подвижна артилерија монтирана на оклопни возила, соопшти британското Министерство за одбрана.

Станува збор за артилерискиот систем RCH 155, кој има можност да отвора оган во движење и да погодува цели на растојание поголемо од 70 километри. Договорот е дел од одбранбениот билатерален договор што двете земји го склучија во октомври 2024 година.

Според официјалното соопштение, британската армија ќе добие рана демонстративна верзија на системот, додека Германија ќе тестира два примероци, со цел дополнителна евалуација на неговите оперативни способности.

Британскиот министер за одбрана Лук Полард изјави дека искуствата од војната во Украина јасно ја покажале важноста на мобилноста и брзината на артилериските единици. „Војната во Украина ја нагласи потребата од системи кои можат брзо да пукаат и веднаш да се преместат. Токму тие лекции ги водат нашите одлуки за набавка“, рече Полард.

Договорот се смета за дел од пошироките напори на европските земји за модернизација на вооружените сили и јакнење на заедничките одбранбени капацитети во контекст на зголемените безбедносни предизвици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни