Согласно со трендот забележан во САД и во Европа, претседателот Луис Инасио Лула да Силва во јануари потпиша закон за ограничување на пристапот до паметни телефони во училиштата. Телефоните се ограничени во училниците и во салите, но сепак може да се користат за едукативни цели, со дозвола од наставникот или за ученици на кои им требаат телефони од здравствени причини.
Училиштата имаат право да постават свои упатства, како на пример дали учениците можат да ги чуваат телефоните во ранци или пак во шкафчиња или одредени корпи.
Според минатонеделното истражување на бразилскиот управен комитет за Интернет, повеќето од 26-те бразилски сојузни држави и приближно две третини од сите училишта во земјата веќе примениле одредени ограничувања за користење на телефонот.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/1000046134.jpg)
Бразилското министерство за образование во понеделникот рече дека целта на ограничувањето е да го заштити менталното и физичкото здравје на учениците, истовремено промовирајќи порационална употреба на технологијата.
Според некои истражувања, Бразил има повеќе паметни телефони отколку луѓе, односно 258 милиони уреди, а 203 милиони население. Локалните истражувачи на пазарот минатата година истакнале дека Бразилците поминуваат 9 часа и 13 минути дневно на екраните, што е меѓу една од највисоките стапки на користење на мобилни телефони во светот.