Бразил очекува околу 2,5 милиони луѓе за дочек на Нова година на Копакабана

Со приливот на туристи низ целата земја, градските власти на Рио де Жанеиро за новогодишните празници пресметуваат заработка од 3,2 милијарди реала (околу 500 милиони евра)


Градските власти на Рио де Жанеиро соопштиja декана свеченостите за дочек на Нова година на познатата плажа Копакабана се очекува да има околу 2,5 милиони луѓe. Покрај традиционалните огномети, на три бини ќе се одржат концерти со големи имиња на бразилската музика како поп ѕвездата Анаита и кралицата на карневалот Ивете Сангало.

Но, еден од најочекуваните концерти несомнено ќе биде концертот на Кетано Велозо (Caetano Veloso), водечката личност на тамошната музика, заедно со сестра му Марија Бетанија (Maria Bethania).

Безбедноста ќе биде засилена во однос на минатата година, наведоа локалните власти и додадоа дека само на плажата Копакабана ќе бидат распоредени 3.300 полицајци.

Полицијата ќе користи детектори на метал, дронови и надзорни камери за препознавање на лица.

Со приливот на туристи низ целата земја, градските власти на Рио де Жанеиро за новогодишните празници пресметуваат заработка од 3,2 милијарди реала (околу 500 милиони евра).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни