Демонстрациите ги повикаа истакнати уметници и левичарски групи, откако Долниот дом на парламентот усвои уставен амандман со кој се ограничува можноста за апсење и покренување постапки против пратеници. Веднаш потоа, беше изгласан и закон што би можел да им обезбеди амнестија на Болсонаро и стотици негови приврзаници.
Болсонаро, кој во септември доби казна од 27 години и три месеци затвор за обид да ја задржи власта по поразот на изборите во 2022 година, стана првиот поранешен претседател на Бразил осуден за вакво дело. Истражувањата покажуваат дека земјата е длабоко поделена, но мнозинството граѓани ја поддржуваат пресудата.
Извор: N1info.rs