Божиќно обраќање на папата Франциск

Папата Франциск денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне преку дијалог.

Во пораката „Urbi et Orbi“ („Кон градот и светот“) што ја упати од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ во Рим, тој на верниците собрани на истоимениот плоштад им порача дека сега е потребна „храброст да се отворат вратите за преговори“ со цел завршување на војната во Украина.

„Нека прекине звукот на оружјето во разурнатата Украина!“, рече папата и повика на „гестови на дијалог и средби, за да се постигне праведен и траен мир“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни