„Божествена рапсодија“ на лица со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“

На малата сцена во Македонскиот народен театар лицата со Даунов синдром од Здружението „Трисомија 21“ – Скопје синоќа изведоа своја музичко-сценска претстава „Божествена рапсодија“.

Здружението „Трисомија 21“ соопшти дека во претставата, реализирана во соработка со „Колектив Ветерница“, биле изведени македонски народни и забавни мелодии.

„Со музичкиот  аранжман се експериментираше и беше успешно прилагоден на можностите на овие лица. Со ова сакаме да покажеме дека уметноста може да биде алатка за интеграција во општеството, социјализација  и подобрување на животот на лицата со Даунов синдром и дека и тие можат да застанат на „штиците кои живот значат“  и имаат што да покажат“, соопшти „Трисомија 21“. 

Извор: nezavisen.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни