Советот на министри на Босна и Херцеговина донесе одлука со која се легализира употребата на канабис за медицински цели.
Тоа беше иницијатива на претставникот Саша Магазиновиќ од Социјалдемократската партија. Оваа одлука значи дека сега канабисот според регулативата од колона 1 – строго забранет, е префрлен во колона 2 – каде што неговата употреба е дозволена под строга контрола. Опиумот, морфинот и голем број други дроги што се користат за медицински цели долго време се наоѓаат во таа колона.
Магазиновиќ ѝ се заблагодари на министерката за граѓански работи на Босна и Херцеговина, Дубравка Бошњак, за нејзината поддршка.
Тој нагласи дека на сето ова му претходеле години борба, опструкции и упорност, но дека сè вредело поради плачот на луѓето за кои оваа одлука е нивна победа.
