Боренка – најголемата волонтерска иницијатива за пошумување

Во последните 2 години, РС. Македонија беше зафатена од повеќе од 500 шумски пожари со огромна финансиска штета. Пожарот е под влијание на многу фактори, вклучувајќи географија, клима, временски услови, топографија и човек. Во големите пожари се уништуваат екстремно големи површини шума. Оваа состојба ги  инспирираше извидниците од Сојузот на извидници на Македонија кои во 2022 година, ја започнаа најголемата волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја.

Проектот за пошумување се спроведува во партнерство со ЈП Национални шуми кои обезбедуваат подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Покровител на оваа иницијатива е Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Сојузот на извидници на Македонија е национална извидничка организација и најголемата организација за деца и млади во РС. Македонија. Здружението е основано во 1953 година и има 70-годишно искуство во работа на неформално образование за деца и млади и е наследник на 115-годишната традиција на Извидничкото движење во земјата.

Мисијата на извидништвото е да придонесе за едукација на младите луѓе, преку систем на вредности заснован на извидничкиот завет и законот, да помогне во изградбата на подобар свет во кој луѓето ќе се реализираат како поединци и ќе имаат конструктивна улога во општеството

Секој може да биде дел од БОРЕНКА

Помогни да се обојат местата на црните шумски пожари во зелени шуми

Како дел од акцијата БОРЕНКА, се користат т.н боренки – јаглени моливи направени од изгорени дрвја. Покрај волонтирањето, граѓаните можат да се вклучат во акциите за пошумување на уникатен начин користејќи ги овие БОРЕНКИ, можат да нацртаат сопствено дрво, да му дадат име и да го засадат во виртуелна шума. За секое засадено дрво на страницата, волонтерите на Борeнка ќе посадат вистински расад на опожарена земја. Симболички, нов живот произлегува од изгорено црно-бело дрво и се раѓа нова шума во боја.

Досега БОРЕНКА едукативните работилници ги имаат посетено повеќе од 2000 деца кои со помош на јаглен од изгорено дрво цртаат ново и го садат во виртуелната шума на borenka.mk. Колку повеќе дрвца во виртуелната шума, толку повеќе засадени стебла на опожарени подрачја. БОРЕНКА досега има посадено повеќе од 5000 садници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни