Промоција на ,,Book of Dreams” книга на колажи на Марк Рапапорт

Рапапорт има направено многу филмови на 16 мм. Сепак, неговите најпознати дела, Домашните филмови на Рок Хадсон (1992) и Од дневниците на Жан Себерг (1995), се видеа. Го нарекуваат „кум на видео-есејот“

Во чeтврток на 3 април во Буква ќе се одржи промоција на Book of Dreams, книга на колажи кои Марк Рапапорт ги има работено и доработувано во период од 2008 па до сега.

Рапапорт има направено многу филмови на 16 мм. Сепак, неговите најпознати дела, Домашните филмови на Рок Хадсон (1992) и Од дневниците на Жан Себерг (1995), се видеа. Го нарекуваат „кум на видео-есејот“. Моментално, тој создава есејски филмови на компјутер.Од 1994 година, пишува филмски фикции и есеи, кои се објавени на француски јазик во реномираното филмско списание Trafic.


Во 2008 година беше објавена книга со дел од неговите собрани текстови, Филмофилот кој знаеше премногу (Le Spectateur Qui en Savait Trop).

Имал изложби на неговите фотомонтажи во Њујорк и Париз, како и во други градови. Живее во Париз.

Предговор: Атом Егојан Егојан несомнено е еден од најважните современи режисери. Неговите филмови освоиле десетици награди во неговата родна Канада, а сите негови најнови филмови биле поканети на Канскиот филмски фестивал. Неговиот филм The Sweet Hereafter (1997), заснован на роман од Расел Бенкс, му донесе номинации за Оскар за најдобро сценарио и најдобра режија.Заедно со Дејвид Кроненберг, се смета за најзначајниот филмски режисер во Канада. Во 2015 година ја доби престижната титула Companion of the Order of Canada, највисоката чест во земјата.Некои од неговите други филмови се Exotica (1994), Next of Kin (1984), Felicia’s Journey (1999), Ararat (2002) и Chloe (2009). Освен филмови, режира и театарски претстави и опери.

Неговиот најнов филм, Seven Veils (2023), е инспириран од неговата продукција на операта Саломе од Рихард Штраус.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни