„Боцкаме на Кирилица“ во Бруталиск

Трн го организираше својот прв настан „Боцкаме на Кирилица“ во Бруталиск во чест на големиот празник „Св. Кирил и Методиј”.

Во богатото кирилично мени на настанот, ги собравме поговорките на Марко Цепенков кои ги интерпретираа Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир, придружувани од музиката на Џијан Емин и диџејскиот перформанс на Васо.

Давор Кешкец ни црташе кирилица, а ТеатроСк со статуата од собирачот на народно творештво, ги поздравуваше присутните на влезот.

Го промовиравме и видеото „Кириличен позрав“ каде популарниот хит на Влатко Стефановски – „Кирилица“ доби нов лик преку интерпретацијата на Јовица Михајловски во убавата природа над Охридското езеро.

Првиот настан на „Трн“ помина во знакот на кирилицата, во знакот на убавата музика, на театарот, на уметноста и на убавото дружење.

Кирилицата е медиум со кој се материјализираат идеите на авторите и уметниците, глобална цивилизациска вредност која по својата суштина и форма е наднационална и обединува.

Трн продолжува да биде јадро и магазин за сите оние кои го сакаат урбаното, современото, алтернативното и културното творештво. Магазин за сите со напредни идеи кои сакаат да остават зад себе траг. Со мурали на ѕидовите, со концерти и нова музика, со нови претстви, филмови и настани.

До следниот настан, боцкајте со Трн.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни