Основачот на еден од најголемите хуманитарни музички проекти во историјата, изјави дека им се восхитува на студентите во Србија кои се борат за истите универзални вредности, како што тоа го правеше движењето Live Aid пред 40 години.
Гелдоф додаде дека со нетрпение очекува да се сретне со студентите на овогодинешниот Егзит и исто така го поддржа и фестивалот кој се најде под притисок поради поддршката за студентите.
„Горди сме што настапуваме на EXIT фестивалот, на 10 јули, на вашата 25-годишнина, еден од последните преостанати независни фестивали. Оваа година се одбележува 40-годишнината од Live Aid и ние сме многу импресионирани што студентите во Србија работат во нивната борба за правда, исто како што Live Aid се обиде да направи пред 40 години, а тоа ќе го направиме на 10 јули на EXIT фестивалот, стоиме со вас“, ја истакна својата поддршка за студентите и фестивалот.
EXIT неодамна, во соработка со студентите кои протестираат од речиси сите универзитети во Србија, објави заедничко соопштение на социјалните мрежи наменето за светската јавност. Таму се истакнува како студентите во Србија го инспирираат целиот свет, со пораката дека обединети, можеме да изградиме подобра иднина која сите ја заслужуваме.