Европските држави, во координација со Украина, подготвуваат предлог-документ од 12 точки со цел да се стави крај на војната долж постојните линии на фронтот, објави денеска агенцијата Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.
Според информациите, спроведувањето на планот би го надгледувал мировен комитет под претседателство на американскиот претседател Доналд Трамп. Европските лидери, во заеднички повик до Вашингтон, побарале САД да останат цврсти во барањето за итен прекин на огнот во Украина, при што моменталните линии на фронтот би служеле како основа за идни мировни разговори.
Целосната содржина на предлогот засега не е објавена, но според дипломатски извори, тој има за цел да постави рамка за постепена деескалација и воспоставување траен мир меѓу Киев и Москва.
Извор: Tanjug.rs