Bloomberg: Иран наводно наплатува до 2 милиони долари за премин низ Ормуски теснец

Иран наводно наплатува такси за безбеден премин на бродови низ Ормускиот теснец, клучна нафтена рута. Техеран ги демантира обвинувањата, а пазарите внимателно ја следат ситуацијата.

Иран наводно почнал да наплатува такса за „безбеден премин“ на дел од комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормуски теснец, една од најважните светски транспортни рути за нафта и гас, објави Bloomberg.

Според повеќе неименувани извори, станува збор за ад хок наплата која може да достигне и до два милиони долари по премин, што во пракса функционира како неформална „патарина“.

Неформална такса, без јасни правила

Изворите тврдат дека дел од бродовите веќе ја платиле оваа такса, но не е познато како точно се врши плаќањето, во која валута се наплатува и дали постои формализиран систем

Според нив, наплатата не се спроведува систематски, туку селективно.

Од амбасадата на Иран во Индија ги отфрлија овие информации како неосновани.

Во официјално соопштение се наведува дека тврдењата за наплата на милионски суми се „лични ставови“ и не ја одразуваат позицијата на иранската држава.

Стратешка рута под лупа

Ормускиот теснец е клучна точка за глобалната економија, низ него поминува околу 20% од светската нафта и гас, како и значителен дел од другата стока.

Поради тоа, секоја промена во контролата или режимот на премин низ овој теснец веднаш влијае врз глобалните пазари и цените на енергенсите.

Иако нема официјална потврда за воведување такси, самите наводи дополнително ја зголемуваат неизвесноста на пазарите. Во услови на геополитички тензии, дури и непотврдени информации можат да имаат сериозни економски последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни