Сообраќајот кон Грција е во целосен прекин, а засега не е познато кога преминот би можел повторно да биде отворен.
Од македонска страна, на останатите гранични премини нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по претежно суви коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е оценет како умерен.
АМСМ потсетува дека до 15 март 2026 година е активна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без разлика на актуелните временски услови.
Возачите се предупредуваат на зголемена претпазливост, особено на делниците каде што постои ризик од одрони. Како критични се издвојуваат следните патни правци:
- Катланово – Велес
- Маврово – Дебар – Струга
- Виница – Берово
- Кочани – Делчево
Од АМСМ апелираат строго да се почитува поставената сигнализација, да се вози со прилагодена брзина и со особено внимание во клисурите, котлините и речните долини, каде условите може брзо да се променат.
Ситуацијата на Евзони останува неизвесна, а возачите кои планираат патување кон Грција се препорачува да ги следат официјалните информации за нови промени во режимот на сообраќај.
Извор: Plusinfo.mk
