Бленди Ходаи: Време е за одговорност и правда!

Бленди Ходаи, познат активист и студент, денес на својот официјален фејсбук профил се огласи со жесток статус по одржувањето на студентскиот час за жртвите на трагедијата во Кочани.

„Систем кој не нѐ штити, туку убива. Каде што криминалците управуваат, а чесните страдаат. Каде што судиите и обвинителите не го спроведуваат законот, туку го продаваат. Каде што децата на судиите, министрите и олигарсите се забавуваат во Амстердам и Барселона, додека нашите млади горат во шупи-дискотеки, умираат на небезбедни патишта и болници што стануваат гробови“, напиша Ходаи во својот статус.

„Доста со неказнивост! Време е за одговорност, за вистинска правда, за силен удар врз криминалниот систем! Ова не е само борба за сите жртви во изминатите години – ова е борба против системот што нѐ предаде, што нѐ остави незаштитени, што се обиде да нѐ замолчи. Но нема молк повеќе. Ова не е само борба за минатото туку и за иднината. Ќе нѐ слушнат. Ќе нѐ видат. Ќе нѐ почуствуваат“, се додава во неговиот оглас.


Со овој статус, Ходаи ја изрази својата решителност за правдина и борба против неказнивоста во системот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни