Поранешниот претседател на ФИФА: Создадов чудовиште

Фото: Marcello Casal Jr./ABr, CC BY 3.0 BR, via Wikimedia Commons

Поранешниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џозеф Блатер изјави дека создал чудовиште.

Ваквите зборови се поради комерцијализацијата на организацијата, но и спортот, како и за огромната количина на реклами за време на тв преносите.

„Фудбалот стана супер производ за телевизијата, супер шоу што може да се продаде за многу пари“ вели тој.

Блатер ја водеше фифа од 1998 до 2015 година, кога беше сменет поради корупциски скандал.

Тој беше обвинет дека му дозволил на тогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, незаконски да се збогати во афера вредна два милиони швајцарски франци.

Блатер, иако беше сменет од неговата позиција во ФИФА, беше ослободен во текот на судењето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни