Поранешниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Али Мохамед ел Барадеј, упати остар повик до меѓународната заедница да реагира и да го „запре лудилото“ поврзано со ескалацијата меѓу САД и Иран.
Тој побара итна интервенција од Советот за безбедност на ОН, Европскиот совет и францускиот претседател Емануел Макрон, по најновиот ултиматум на американскиот претседател Доналд Трамп кон Иран.
Според најавите, Трамп ѝ дал рок од 48 часа на Техеран да го отвори Ормутскиот теснец, предупредувајќи дека во спротивно ќе следуваат сериозни последици.
Ел Барадеј реагираше преку социјалната мрежа X, прашувајќи дали меѓународните институции „можат да направат нешто за да се запре ова лудило“, нагласувајќи ја потребата од дипломатско деескалирање на кризата.