Таа открива дека за неа музиката не е само професија, туку и љубов и страст. Споделувајќи ја приказната за диригентското стапче и како се изградила нејзината кариера, раскажува приказна полна со емоции и љубов.
Секогаш елегантна на сцена се труди навистина да овозможи уникатно доживување на публиката.
„Грешки има и нормално е да има, сите сме луѓе и грешиме понекогаш“. Но, сепак тие грешки таа кажува дека се незабележителни за публиката.
„За мене, диригентското стапче не е волшебно стапче, оној што го држи стапчето врши макотрпна работа“, истакнува таа.
Хоби и се јазиците и ужива да чита книги на странски јазици.
„Преку своето стапче, јас го толкувам светот и го споделувам со публиката”, открива Бисера.