Објавен конкурс за нови композиции за „Бисер на Јадранот 2026“ – повик до пејачи и автори од Македонија

Регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2026“ објави официјален конкурс за нови композиции. Повикот е отворен за автори и пејачи од Македонија и целиот регион, а финалното такмичарско вече ќе се одржи во Тиват, Црна Гора, на 17. и 18. јули 2026 година.

Организаторите на меѓународниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2026“ ги поканија музичките автори и изведувачи од Македонија и регионот да се пријават на конкурсот со свои оригинални композиции во жанровите поп, забавна и медитеранска музика

Датум и место на фестивалот:

  • Фестивалот ќе се одржи 17. и 18. јули 2026 година во градот Тиват, Црна Гора, на летната сцена што го прави едно од најзначајните музички случувања во регионот. 

Рокови за пријавување:

  • Конкурсот за композиции е отворен од 24 февруари до 24 мај 2026 година, а селекционата комисија ќе ги извести авторите дали нивните песни се прифатени најкасно до 10 јуни 2026 година
  • Доколку композицијата биде прифатена, авторите должни се да ја достават аранжираната верзија (во master wav формат) до 1 јули 2026 година

Што се очекува на фестивалот:
Фестивалот ќе трае два дена, со Домаќинска вечер каде што ќе настапат црногорски музички изведувачи, и Регионална вечер со учество на музичари од целиот поранешен југословенски простор, вклучувајќи солисти и групи од Македонија, Србија, БиХ, Хрватска и Словенија. 

Организаторите најавија дека за најдобрите композиции ќе бидат обезбедени награди и престижни фестивалски признанија, вклучително и директен ТВ пренос и медиумско претставување на избраните учесници. 

Ова е одлична можност за нови музички таленти, како и веќе афирмирани автори и пејачи, да добијат регионална сцена и вниманието на широка публика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни