Меѓу активните пожари се:
- во општина Прилеп, кај селото Бешиште (пожар во мешана шума),
- во општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево и Слатин (деградирана дабова шума и грмушки),
- во општина Чашка, под Солунска глава (забележан чад на карпест терен),
- во општина Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација),
- во Шуто Оризари, кај хотелот Њу Стар (депонија),
- во општина Дојран, кај селото Николич (нискостеблеста шума),
- и во општина Крива Паланка, кај селото Жидилово (борова шума).
Единствениот локализиран пожар е на градската депонија во Делчево, а под контрола е пожарот кај селото Самаково во Македонски Брод, каде што горел лесно запалив материјал.
Во текот на вчерашниот ден изгаснати се вкупно 23 пожари на различни локации низ државата, вклучувајќи општини како Сарај, Петровец, Аеродром, Ѓорче Петров, Центар, Велес, Куманово, Старо Нагоричане, Кратово, Штип, Долнени, Боговиње, Брвеница, Желино, Врапчиште, Битола, Свети Николе и Прилеп. Опожарени се нискостеблести шуми, депонии, стрништа, лозја и површини со ниска вегетација.
ЦУК апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни, да не палат огнови на отворено и да пријавуваат секој забележан пожар на бројот 193 или во најблиската противпожарна служба.