Бил Клинтон на сослушување за врските со Епстин: Сведочење зад затворени врати

Бил Клинтон денеска сведочи пред конгресен панел во истрагата за Џефри Епстин. Сослушувањето следува по изјавата на Хилари Клинтон.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска ќе сведочи зад затворени врати пред конгресен панел во рамки на истрагата поврзана со покојниот Џефри Епстин.

Сослушувањето, закажано за 17 часот по средноевропско време, следува по сведочењето на Хилари Клинтон пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом. Таа изјави дека не се сеќава на средба со Епстин и дека нема информации што би можела да ги сподели во врска со неговите кривични дела.

Бил Клинтон претходно потврди дека летал со авионот на Епстин во почетокот на 2000-тите, по напуштањето на функцијата претседател. Неговото име се појавува и во документи објавени од американското Министерство за правда, а тој негира каква било незаконска активност и изрази жалење за поврзаноста.

Претседателот на панелот, републиканецот Џејмс Комер, изјави дека Клинтонови не се обвинети за кривично дело, но дека треба да одговорат на прашања поврзани со активностите на Епстин и евентуалната поврзаност со нивната фондација.

Клинтонови се согласија да сведочат откако Претставничкиот дом се закани со постапка за непочитување на Конгресот поради претходно одбивање за соработка. Од нивна страна, пак, беа изнесени тврдења дека процесот има политичка позадина.

Џефри Епстин почина во затвор во 2019 година, додека се соочуваше со обвиненија за трговија со луѓе. Неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни