Проект на Националниот младински совет на Македонија и Stella Network

Биди чудо од девојка!

Напиши го твоето чудо на tvoetochudo.mk и испирирај ги девојките и младите жени низ целата земја секојдневно да ги препознаваат и да се гордеат со своите чуда! Проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Mакедонија“ спроведен од Националниот младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM и Stella Network, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје (British Embassy Skopje), носи свежа енергија во борбата за родова еднаквост. Со цел да ги отстрани пречките и стереотипите, овој проект ги отвора вратите за девојчињата и младите жени кон нови предизвици и успеси.

Клучните активности се прилагодени за да инспирираат и мотивираат. Програмите за менторство и кариерен развој, како и кампањата „Биди чудо од девојка“, обезбедуваат насоки и поддршка на секој чекор од патот. Интересни и иновативни акции, како играта „Во туѓи чевли“, го зголемуваат разбирањето за родовите стереотипи преку креативни методи.

Проектот исто така вклучува анализи на социоекономските предизвици, обуки за креирање политики, локални иницијативи предводени од млади девојки, работилници, организирање јавни настани и многу друго. Програмите за практикантска работа и волонтирање, како и развојот на мобилна апликација за практикантски можности, отвораат пат кон професионалниот успех.

Со овие активности, проектот создава општество каде што девојчињата и младите жени можат да го остварат својот потенцијал во целост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни