Најпознатата група од ЈУ просторите „Бијело дугме“, догодина доаѓа во Македонија. На 12 април во салата „Борис Трајковски“ ќе одржи повеќечасовен рок концерт.
Највлијателниот рок бенд од поранешна Југославија „Бијело дугме“ со голема турнеја низ пораншните ЈУ простори ќе ја прослави 50 години од своето постоење. Турнејата е насловена како „Doživjeti Stotu“.
Во Скопје доаѓа оригиналната постава на „Бијело дугме“ – Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ кои ќе приредат повеќечасовен рок спектакл, потсетувајќи не на старите добри времиња за кои југоносталгичарите сигурно ќе кажат дека биле најубави.ReplyForward