Бездомник добил милион долари на грепки во Калифорнија

Неименуван маж од Калифорнија, кој е бездомник, освоил 1 милион долари на инстант лотарија откако купил билет во локална продавница за алкохол што често ја посетува, пишува Гардијан.

„Тој влезе во продавницата, ја изгреба картичката и рече: ‘О Боже, дали е ова реално? Човеку, јас веќе не сум бездомник!’“, рекол менаџерот на таа продавница, присетувајќи се на ноќта кога била освоена наградата.

Победникот првично мислел дека освоил 100.000 долари, пред менаџерот да посочи дека тоа е всушност 1 милион долари.

Менаџерот, исто така, го возел победникот, кој нема автомобил, до Фресно за да може лично да го остави билетот наместо да го испрати по пошта.

Човекот планира да купи куќа и автомобил со освоените пари, додавајќи дека оваа награда му го „променила животот“.

Шансите за освојување на наградата од 1 милион долари се еден спрема 2.047.423, според Калифорниската лотарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни