Камерите на „Безбеден град“ фатија 26.241 прекршок за еден месец

Најголем дел од прекршоците регистрирани во март се за брзо возење, додека бројот на случаи на минување на црвено светло бележи значително намалување во однос на февруари.

Во текот на март, преку системот „Безбеден град“ биле регистрирани вкупно 26.241 сообраќаен прекршок на подрачјата на градовите и коридорите каде што се поставени камери.

Од вкупниот број прекршоци, 70 се однесуваат на минување на црвено светло, што претставува пад од 68,2 проценти во споредба со февруари. Најголем дел од регистрираните прекршоци и натаму се за возење со брзина поголема од дозволената, вкупно 25.230, додека во март биле евидентирани и 941 прекршок за управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

Во истиот период биле изречени и 544 мерки забрана за управување со возило, што е за 16,7 проценти помалку во однос на претходниот месец. Од нив, 70 се однесуваат на минување на црвено светло, а 474 на брзо возење. Меѓу нив, 362 санкции се за возење над 80 километри на час во населено место, 70 за надминување на ограничувањето пропишано за самото возило, а 42 за возење над 170 километри на час во ненаселено место.

Од надлежните апелираат сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и прописите, со цел патиштата да бидат побезбедни за сите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни