,,Бели Мугри” – При недостиг на социјалистички идеи, скрши го стаклото!

„Бели мугри“ од Кочо Рацин, едно од најзначајните дела во македонската книжевност – симбол на социјалната ангажираност и надежта за подобро утре

Издавачката куќа „Полица“ на овој Саем на книгата на својот штанд го претстави новиот интересен проект – книги врамени зад стакло.

Целта на проектот е да се истакнат класичните дела кои одбележале одреден период и кои имаат силна симболика и да се повика на нивно зачувување и вадење од заборав.

Врамени зад стакло, книгите се издигнуваат на ниво на експонати во домот, од каде што постојано ќе нè потсетуваат на нивното значење и нивните главни пораки.

Првата книга што беше претставена во рамки на овој проект е збирката поезија „Бели мугри“ од Кочо Рацин, едно од најзначајните дела во македонската книжевност – симбол на социјалната ангажираност и надежта за подобро утре. Таа на саем е достапна врамена зад квалитетно заштитно стакло, со карактеристична црвена рамка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни