Белградските студенти со манифест за нова Србија: Социјален договор што бара слобода, правда и зелени градови

Предложени се мерки на студентите се против корупција и организиран криминал, строга примена на правилата за јавни набавки и транспарентност на државните договори. Дел од платформата се и управување со минерални ресурси и заштита на животната средина, со експлицитно противење на проекти како „Јадар“, како и урбанистички политики со повеќе зелени површини

Студентското движење во Белград ја претстави основата на својот „социјален договор“, документ што, според извори на движењето, се разработува во изборна програма со над 20 точки. Во фокусот се слободни и фер избори со ревизија на избирачките списоци, слобода на медиумите со функционален и непристрасен регулатор, како и независно и ефикасно судство со специјално обвинителство за јавни службеници.

Предложени се мерки против корупција и организиран криминал, строга примена на правилата за јавни набавки и транспарентност на државните договори. Дел од платформата се и управување со минерални ресурси и заштита на животната средина, со експлицитно противење на проекти како „Јадар“, како и урбанистички политики со повеќе зелени површини. Во економско-социјалната сфера се бара посилен трудов закон, корекции на минималната плата и јакнење на работничките права.

Документот најавува институционализирање на студентските пленуми и граѓански собранија во локалната самоуправа, а во едукативниот сегмент се бара повисок статус на наставниците и автономија на универзитетот. Универзитетски експерти, цитирани од српскиот весник „Данас“, го опишуваат договорот како минимален програмски консензус што треба да стане основа на студентската изборна листа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни