Белградски центар за човекови права: Се јавија многу граѓани кои го почувствувале дејството на звучниот топ

Се наведува и дека во 19:11 и 19:12 граѓаните почувствувале силен топол бран, хук и нешто што наликува на звук на авион или автомобил кој оди голема брзина и потоа „како некој ветер што ги поместува и како да поминала ракета“.

Белградскиот центар за човекови права соопшти денес дека им се јавиле голем број на граѓани кои го почувствувале дејството на звучниот топ на вчерашниот протест за време на оддавање 15-минутна почит за настраданите во Нови Сад.

„Најголемиот број од нив кои најсилно го почувствувале овој звучен удар се наоѓале во Улицата на Краља Милана кај Идеа Лондон, Београџанка, кај Студентскиот културен центар, на аголот со Ресавска улица, кај Југословенското драмско позориште“, пишува во соопштението на овој центар.


Се наведува и дека во 19:11 и 19:12 граѓаните почувствувале силен топол бран, хук и нешто што наликува на звук на авион или автомобил кој оди голема брзина и потоа „како некој ветер што ги поместува и како да поминала ракета“.

„Во главно, поголемиот дел кои се јавија слушнале еден хук, но има и неколку кои биле нешто поблиску до Славијата кои велат дека прво се чул уште еден тап звук како некој топовски удар, а потоа тој голем силен хук. Велат дека бранот и звукот доаѓале од правец на Терезије и Пионирски парк“, наведува Београдскиот центар за човекови права.

„Велат и дека неколку часа по тоа чувствувале мачнина, висок притисок во главата, дека имаат висок притисок, дека повраќаат, дека чувствуваат силна вознемиреност, дека се анксиозни, дезориентирани, имаат зуење во ушите и дека послабо слушаат, дека имаат напад на паника. Некои при падот или во стампедото се повредиле“, пишува во соопштението.

Како што наведоа, луѓето кои им се јавиле се од Белград, Нови Сад, Панчева, Ниш, Косовска Митровица, Пирот и се различни по животни години.

Токму за време на синоќешниот голем протест во центарот на Белград беа забележани инциденти за време на оддавање на почит за настраданите, а на снимките на социјалните мрежи може да се види како луѓето во паника се нагло раздвояваат по средината на улицата. На социјалните мрежи брзо се појавија шпекулации дека се работи за звучно оружје, недозволено по домашните закони, кое може да предизвика болка, дезориентираност, вртоглавица и оштетување на слухот.

Повеќе опозициски и невладини организации ја осудија засега непотврдена употреба на звучниот топ, а некои од нив повикаа граѓаните да им се јават ако го имале тоа искуство за да добијат правна поддршка.

Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана негираа дека го користеле овој уред за време на протестите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни