Белград во трка за домаќин на финалето на Лига Европа 2028

Белград и Фудбалскиот сојуз на Србија аплицираа до УЕФА за организација на финалето на Лига Европа 2027/28, кое би се играло на новиот Национален стадион.

Градот Белград и Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) истакнаа кандидатура за организација на финалето од Лига Европа на УЕФА за сезоната 2027/28. Според информациите од ФСС, Србија планира финалето да се игра на новиот Национален стадион.

Во конкуренција за организација на овој финален натпревар се уште Франција (Париз, стадион Парк на принцовите), Италија (Торино, стадион на Јувентус) и Романија (Букурешт, Национална Арена).

Се очекува во следниот период УЕФА да направи инспекција на сите кандидатури.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни