Бејрут под напад: најмалку седум загинати во израелски воздушни удари

Најмалку седум лица загинаа во израелски воздушни напади врз Бејрут и околината, додека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток продолжува.

Најмалку седум лица загинале во израелски воздушни напади врз Бејрут и неговата околина, соопшти Министерство за здравство на Либан. Според првичните информации, пет лица се убиени во напад врз квартот Џнах во главниот град, додека уште 21 лице е повредено.

Напади и јужно од главниот град

Во одделен воздушен напад, насочен кон возило во областа Халде, јужно од Бејрут, загинале уште две лица, а три цивили се повредени.

Од Израелска армија соопштија дека станува збор за два одделни напада насочени кон висок командант на Хезболах и уште еден висок член на оваа група поврзана со Иран, но без да потврдат дали тие се меѓу загинатите.

Сè поголема ескалација

Овие напади се дел од пошироката ескалација на израелската офанзива во Либан, во која досега загинале најмалку 1.200 луѓе, а околу 1,2 милиони се раселени.

Конфликтот се продлабочи откако Хезболах испали ракети кон Израел во знак на поддршка за Техеран, два дена по нападите на САД и Израел врз Иран.

Овој потег доведе до нов бран на израелски воздушни и копнени операции, со што регионот влегува во сè подлабока и поопасна фаза на конфликтот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни