Bечер посветена на трансформативната моќ на женското лидерство – „Ni Primera Ni Dama – The Last First Lady“ во кинотека

Овој впечатлив и актуелен филм го истражува односот меѓу родот, моќта и демократијата преку искуството на Ирина Караманос, антрополог и политичка активистка, поранешна партнерка на чилеанскиот претседател Габриел Бориц.

По повод Меѓународниот ден на жената, на 6 ти март во 20 часот во Кинотека на Македонија, Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Кинотеката имаат чест да ве поканат на специјална вечер посветена на трансформативната моќ на женското лидерство, на која ќе се прикажува документарниот филм „Ni Primera Ni Dama – The Last First Lady“ (2025) на италијанската режисерка Barbara Cupisti.

Овој впечатлив и актуелен филм го истражува односот меѓу родот, моќта и демократијата преку искуството на Ирина Караманос, антрополог и политичка активистка, поранешна партнерка на чилеанскиот претседател Габриел Бориц.

Во 2022 година, на само 32 години, Ирина прави симболичен и револуционерен чекор: ја доведува во прашање а потоа и ја укинува традиционалната државна функција и улога на „Прва дама“, отворајќи прашање зошто жените сè уште треба да ја претставуваат моќта преку мандатот на некој друг. Личен чин што предизвика меѓународна дебата за застапеноста, родовата еднаквост и обновувањето на демократската култура.

Филмот ќе се прикажува со превод на англиски и македонски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни