Би-Би-Си: Оваа војна би можела да стане многу полоша. Еве како

Би-Би-Си предупредува дека конфликтот меѓу САД, Израел и Иран може дополнително да ескалира. Можни сценарија вклучуваат напади врз нафта, вода и киберсистеми.

Војната меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран веќе ескалираше побрзо отколку што многумина предвидуваа, а постојат низа сценарија во кои би можела дополнително да се влоши, предупредува дописникот на Би-Би-Си за безбедност, Френк Гарднер.

Судирот веќе ги зафати Либан и Кипар, го наруши поморскиот сообраќај низ Хормушкиот Теснец и доведе до напади врз цели што не се исклучиво од воена природа во арапските земји од Заливот.

Според Гарднер, ова можеби е само почеток.

САД најавуваат „голем удар“

Гарднер наведува дека САД порачуваат оти „она големото допрва доаѓа“, што сугерира можност за уште посилни напади врз Иран. Таквиот развој на настаните, предупредува тој, речиси неизбежно би довел до дополнителни цивилни жртви.

Водата како цел

Едно од можните сценарија е Иран намерно да ги гаѓа постројките за десалинизација на вода во државите од арапската страна на Персискиот Залив.

Овие постројки се клучни за снабдување со питка вода во регион каде што дневните температури во Абу Даби веќе надминуваат 30 Целзиусови степени.

Нафта, гас и сеќавањето на 2019 година

Иран би можел да ги таргетира и нафтените и гасните постројки во Заливот, како што се случи во 2019 година, кога масовен напад со дронови врз објектите на саудискиот „Арамко“ привремено го преполови извозот на саудиска нафта.

Таков потег би имал сериозни последици за глобалните енергетски пазари.

Закана од кибернапади

Друга можност е бран кибернапади, не само врз соседите на Иран, туку и врз други сојузници на САД. Британската влада веќе издала предупредување до компаниите да бидат особено внимателни во актуелните околности, наведува дописникот на Би-Би-Си.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни