„Тажен е денот кога сојуз на слободни народи, здружени за да ги потврдат своите заеднички вредности и да ги бранат своите заеднички интереси, прифаќа потчинување“, напиша Бајру на X.
Со договорот се воведуваат царини од 15 проценти на речиси целиот европски извоз во САД, вклучувајќи автомобили, што е приближно трипати повеќе од моменталната царинска стапка од 4,8 отсто, но се избегнува заканата од казнени царини од 30 проценти кои Трамп планираше да ги воведе до 1 август доколку не се постигне договор.