„За таа што ти е сè“ – базар на македонски ракотворци во Скопје Сити Мол по повод 8 Март

Под слоганот „За таа што ти е сè“ десетици домашни креативци ќе понудат рачно изработени подароци за Денот на жената.

Утре во Скопје Сити Мол започнува голем базар на македонски ракотворци организиран по повод Денот на жената – 8 Март. Настанот ќе се одржува на приземјето на трговскиот центар и ќе трае до 8 март.

На базарот ќе учествуваат повеќе домашни брендови и креативци кои ќе претстават рачно изработени производи, меѓу кои Solar creations, Coral Jewelry, LaSoy & LA CHA, МЕДЕНА, Stardust Kejt Rakotvorbi, tilia.organica, Тиноски, Добро ми стои, M&M Luxury Soap Bouquet, Nebula jewelry, Игнеа Козметика, Монкдолс, CustomCakes од Бојана Митовска, Small piece of joy, Epoxy handmade by clay, Елена Ристовска, MORPHO, Шарено ќоше, ByMimiCosmetics, Јулија Барбун, marcy_s_handmade, Џули Декупаж, ЈУНИК КОРНЕР, кожарска работилница Карло Хорват, Filigree LARGO, Botanikly, Филигран од срма Софија и Витрум Студио.

Креативците ќе се претстават со широка палета модерни и рачно изработени производи – од еклектичен и рачно плетен накит од челик и кожа, до керамички и стаклен накит, изработки од срма, рачно насликана керамика и дрвени сетови. Дел од колекциите вклучуваат и накит од епоксидна смола и полимерна глина, како и сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника со современ дизајн.

На посетителите ќе им бидат понудени и вегански козметички производи за нега на лице и тело, цветни аранжмани, производи од свила, домашно подготвени колачи и чоколади, како и чанти и аксесоари од кожа и декоративни органски сапуни.

Настанот обединува внимателно селектирани домашни креативци и брендови кои преку рачната изработка нудат поинаква и автентична алтернатива за избор на подарок по повод празникот посветен на жената.

Базарот ќе биде отворен до 8 март и ќе им овозможи на посетителите директна средба со авторите, запознавање со процесот на создавање на производите и избор на подарок со лична приказна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни