Балканскиот медиумски камион (Balkan News Truck) пристигнува во Македонија. По возбудливата турнеја во Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, Balkan News Truck продолжува со своето патување и овој пат ќе застане во Битола, Гостивар, Штип и Скопје.
Каде и кога?
- Битола – 3 и 4 ноември, Широк Сокак, спроти кафе-бар Јагода
- Гостивар – 6 и 7 ноември, паркинг пред гимназијата СОУ Гостивар
- Штип – 10 и 11 ноември, Градски плоштад Слобода
- Скопје – 13 и 14 ноември
Повеќе детали во соопштението во прилог.
Балканскиот медиумски камион е иницијатива што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons.