Balkan Zoo е хрватски музички состав на наградуваниот басист и композитор Марио Рашиќ, кој веќе 13 години ја промовира балканската музика во современи аранжмани.
На 29 ноември во Центарот за култура во Битола тие ќе настапат на Фестивалот на музика од светот полна со ритам, виртуозни импровизации и силна енергија – токму она по што тие се препознатливи.
Во 2021 година бендот започнува соработка со вокалната солистка и фламенко пејачка Нина Чориќ, со која заедно го објавуваат албумот „Recycle“ (2022, Croatia Records) — традиционални ромски песни претворени во прогресивен world music израз. Албумот добива одлични критики и го промовираат низ целиот регион, настапувајќи во повеќе хрватски и балкански градови.
Во 2024 година го објавуваат вториот заеднички албум „Muzika za ples“ (Croatia Records), кој повторно ги комбинира ромските и фламенко песни во прогресивен world music стил. Албумот во 2025 е номиниран за наградата Porin во категоријата „најдобар world music албум“, а Balkan Zoo настапува во живо на телевизиска изведба за 32. доделување на Porin.
