„Баленсијага“ здолништа со облик на крпа и цена од скоро илјада евра

 Модниот бренд „Баленсијага“ претстави здолништа што личат на крпи, во новата колекција за пролет 2024 година.

Како што пренесуваат медиумите, цената на ова необично парче облека е 925 долари (околу 853 евра), а модниот бренд објави дека здолништето веќе може да се нарача преку нивната интернет-страница. На промотивните фотографии манекенот ја има облечено „крпата“ – црна, па сива, обвиткана околу половината, со широки панталони под неа, а нагоре носи црна блуза со качулка и очила за сонце.

„Ова е апсурдно. Овие брендови ќе продаваат сѐ и сешто по толку смешно високи цени“, „Повторно ќе кажам, ‘Баленсијага’ спроведува експеримент. Ова е научно испитување на однесувањето. Не може да убедите оти не е така“, „’Баленсијага’ е толку несериозна“, „Каква лудост е ова!?“ – се дел од коментарите.

И претставници на некои компании кои продаваат крпи за хигиена се пошегуваа дека продаваат исти такви „здолништа“, но по пониски цени. 

Извор: svet.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни