Бах „на улица“ во Скопје: три бесплатни концерти на Младинскиот гудачки квартет „Карпош“

Младинскиот гудачки квартет Карпош квартет ќе одржи три концерти во Скопје по повод роденденот на Бах, како дел од глобалната иницијатива „Bach in the Subways“.

Младинскиот гудачки квартет Карпош квартет денеска ќе одржи три концерти на Платото пред Млечен ресторан во Скопје, по повод роденденот на Јохан Себастијан Бах.

Настапите се закажани за 10:00, 11:30 и 13:00 часот, а публиката ќе има можност да слушне дела од Бах, вклучително и композиции од албумот за Ана Магдалена Бах, адаптирани за гудачки квартет.

Концертите се дел од светската иницијатива „Bach in the Subways“, со која се промовира класичната музика надвор од концертните сали и директно меѓу луѓето во јавни простори.

Квартетот „Карпош“, кој работи под менторство на виолинистката Пламенка Трајковска, го сочинуваат четири млади музичарки кои активно ја доближуваат класичната музика до пошироката публика во Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни