Baby Lasagna на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ во Скопје

!Глобално обожуван со евровизискиот мегахит „Rim Tim Tagi Dim“, тој се најде во Топ 5 на „Global Spotify‘s Viral 50“ и „Top 50 Global“ листите, а во моментов само на Spotify брои повеќе од 50 милиони стримови

Таксират Скопје го најавува Baby Lasagna на 7 декември во Скопје.

„Впечатлив поп-панк звук и моќни рифови ни пристигнуваат на главна бина со експлозивниот настап на BABY LASAGNA, прв пат во Македонија!Глобално обожуван со евровизискиот мегахит „Rim Tim Tagi Dim“, тој се најде во Топ 5 на „Global Spotify‘s Viral 50“ и „Top 50 Global“ листите, а во моментов само на Spotify брои повеќе од 50 милиони стримови! Со неверојатен концертен успех годинава оствари и четири месеци однапред распродадени концерти во Полска, виенскиот кој поради огромен интерес беше преселен во трипати поголема арена, три распродадени стадионски концерти во Загреб и секако, настапите како хедлајнер на најголемите фестивали во регионов. За следната година, веќе е закажана голема турнеја низ ЕУ и Велика Британија, и тоа во продукција на Live Nation, најголемата светска промотерска куќа.На самиот крај од неговата фантастична година, Baby Lasagna пристигнува и кај нас“ најавуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни