Договорот за примирје во Газа е е резултат не само на екстремниот притисок под кој беше под Хамас и на променетата регионална равенка по прекинот на огнот во Либан и слабеењето на Иран – туку и на напорната и макотрпна американска дипломатија, рече американскиот претседател Џо Бајден.
„Мојата дипломатија никогаш не престана во нејзините напори да го постигне овој договор“ изјави Бајден.
Тој додаде дека по многумесечна интензивна дипломатија на САД, заедно со Египет и Катар, Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и размена на заложници.
„Овој договор ќе ги запре борбите во Газа, ќе ја зголеми многу потребната хуманитарна помош за палестинските цивили. и повторно да ги обедини заложниците со нивните семејства по повеќе од 15 месеци во заробеништво“ рече Бајден.
Спроед американскиот претседател прецизните контури на овој план биле изложени уште на 31 мај 2024 година и планот бил едногласно одобрен од Советот за безбедност на ОН.
„И покрај тоа што ја поздравуваме оваа вест, се сеќаваме на сите семејства чии најблиски беа убиени во нападот на Хамас на 7-ми октомври, и на многуте невини луѓе убиени во војната што следеше. Одамна е минато време борбите да завршат и да започне работата за градење мир и безбедност. Исто така, мислам на американските семејства, од кои три имаат живи заложници во Газа, а четири семејства чекаат да им бидат вратени посмртните останки по она што беше најужасното искушение што може да се замисли. Според овој договор, ние сме решени да ги вратиме сите дома“ рече Бајден.