Аxios: Трамп сака да ја стартува втората фаза од планот за Газа пред Божиќ

Axios објави дека Трамп сака пред Божиќ да ја стартува втората фаза од мировниот план за Газа и да претстави нов модел за управување со енклавата

Американскиот претседател Доналд Трамп планира до 25 декември да го објави почетокот на втората фаза од својот мировен план за Газа, објави Axios, повикувајќи се на извори од администрацијата.

Според порталот, Трамп има намера „пред Божиќ да го најави влегувањето на мировниот процес во Газа во нова фаза и да претстави нова структура која ќе управува со енклавата“.

Се очекува Трамп до крајот на декември да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да ги разгледаат следните чекори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни