Автобус од Украина кој превезувал деца, членови на детски ансамбл, во неделата се превртел во Унгарија додека се упатувал на меѓународен фестивал во Охрид.
Несреќата ја потврдиле и од Министерството за надворешни работи на Украина, а као причина за несреќата е тоа што возачот на автобусот ја изгубил контролата врз возилото.
Во времето на несреќата, во автобусот имало 77 лица. Меѓу нив биле двајца возачи, учесници и супервизори на детскиот танцов ансамбл. Тие патувале од Лвов до градот Охрид, Северна Македонија, за да присуствуваат на фестивал.
Според првичните информации, возачот ја изгубил контролата и автобусот паднал во канал.
Како резултат на несреќата, 21 лице било повредено. Меѓу нив, четворица имале тешки телесни повреди. Станува збор за украински државјани родени во 1954, 1958, 2007 и 2011 година.
Уште четири деца добиле умерени повреди и тие биле отпуштени под одговорност на нивните претпоставени.
Останатите жртви со полесни повреди биле однесени во градот Кунсентмартон.