На прашањето зошто, и покрај јасните придобивки од проширувањето, во Австрија сепак постои значителен отпор кон примањето на нови членки, министерката одговори дека „сè уште треба да се изградат многу мостови“.
Плаклом, која во владата е на позицијата министeрка за Европа, интеграција и семејство, нагласи дека во клучните области – заедничка надворешна и безбедносна политика, финансии и прием на нови членки – треба да остане правото на вето на секоја поединечна земја-членка. „Во тие централни прашања, во ЕУ не смееме да се откажеме од принципот на консензус“, рече 30-годишната министeрка.
Со оглед на „проблематичните“ односи и внатре во Унијата и меѓу кандидатите, Плаклом посочи дека е неопходен дијалог. За пример ја наведе Унгарија, која со години е во судир со ЕУ поради ограничувања на медиумските слободи и прекршување на уставните принципи, но истовремено е сосед на Австрија и со неа треба да се одржува билатерална соработка.
Министерката истакна дека државите-членки би требало да имаат поголем простор за маневар при примената на европските директиви, и како негативен пример го наведе обврзувањето на малите компании да поднесуваат детализирани извештаи за исполнување на „Зелениот договор“ и обнова на екосистемите.
Плаклом изрази поддршка и за предлог-програмата „Rearm Europe / Redines 2030“, сметајќи дека тоа е неопходен индустриски и безбедносен инструмент кој ќе ја намали зависноста на Европа од САД.
На крај, министерката ги коментираше и домашните политички прашања. Таа посочи дека новиот закон за забрана на хиџабот кај девојчиња под 14 години може да се усогласи со уставот, и дека се води интензивен дијалог со правни експерти. „Осемгодишни девојчиња не треба да бидат покриени со марама“, рече Плаклом, додавајќи дека за ова може да се одлучува или со уставна промена, или со обична парламентарна мнозина.
Исто така, таа ја поздрави одлуката за привремено суспендирање на правото на азиланти на донесување семејства во Австрија, наведувајќи дека образованието, здравството, пазарот на труд и станбеното прашање се „пренатрупани“ со мигрантски притисок.
На крај, Плаклом рече дека слободата на вероисповед е голема вредност, но дека толеранцијата не смее да се злоупотреби. „Проблемите најчесто доаѓаат паралелно со исламот“, заклучи министерката, пренесе австриската агенција APA.