Австрија размислува за построг закон за поседување оружје по нападот во Грац

По нападот во училиште во Грац, во кој загинаа 10 лица, партиите од владејачката коалиција во Австрија започнаа разговори за воведување построг закон за поседување оружје, јави австриската новинска агенција АПА.

Според федералната Влада, политичките дискусии за нови критериуми за сопствениците на оружје се во тек, но детали засега не се објавени.

Напаѓачот во Грац легално поседувал оружје, откако во март годинава поминал психолошки тест и законски купил пиштол. Сепак, воените лекари при преглед за воена служба утврдиле психичка нестабилност кај напаѓачот, што покренува прашања зошто му било дозволено да поседува оружје.

Сите парламентарни партии, освен австриската Слободарска партија (ФПО), се согласуваат дека е потребна построга регулација. ФПО смета дека мерките би биле повеќе симболични отколку ефективни и прашува зошто податоците од воените прегледи, кои се доверливи, не се користат при издавање дозволи за оружје. Овие податоци не се споделуваат без согласност на засегнатото лице, а психолошките тестови ги спроведуваат цивилни институции.

Федералната влада соопшти дека, покрај општите критериуми за поседување оружје, се разгледува и можноста за користење на податоците од воените прегледи. Разговорите продолжуваат меѓу трите коалициски партии – Австриската народна партија, Социјалдемократската партија и НЕОС. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни