Австралија испраќа воена помош во Заливот: Проектили и извидувачки авион за ОАЕ поради заканата од Иран

„Нашето учество е исклучиво одбранбено. Целта е да ги заштитиме Австралијците во регионот, како и нашите пријатели во Обединетите Арапски Емирати“, изјави Албанезе.

Австралија ќе испрати воена помош во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи извидувачки авион и напредни проектили, но нема да распоредува копнени трупи во Иран, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе.

Според него, поддршката има исклучиво одбранбена цел и е наменета за заштита на сојузничките држави во Персискиот Залив.

„Нашето учество е исклучиво одбранбено. Целта е да ги заштитиме Австралијците во регионот, како и нашите пријатели во Обединетите Арапски Емирати“, изјави Албанезе.

Испраќаат авион за контрола на воздушниот простор

Австралија ќе распореди авион Boeing E-7A Wedgetail, кој се користи за рано предупредување и контрола на воздушниот простор. Леталото ќе биде стационирано во регионот најмалку четири недели, со задача да помогне во заштитата на небото над земјите од Заливот.

Покрај тоа, Канбера ќе испрати и напредни проектили со среден дострел во Обединетите Арапски Емирати. Одлуката, како што соопшти премиерот, била донесена по телефонски разговор со претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Ескалација на конфликтот во регионот

Овој потег доаѓа во момент кога Хормушкиот теснец е речиси затворен поради ескалацијата на конфликтот во регионот. Низ овој теснец минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, што го прави една од најкритичните точки за глобалната енергетска безбедност.

Во моментот кога конфликтот избувна пред 11 дена, на Блискиот Исток се наоѓале околу 115.000 австралиски државјани. По иранските бомбардирања врз неколку градови во Заливот, 2.600 Австралијци веќе се вратиле дома со комерцијални летови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни