АВМУ со повик до интернет порталите да се запишат во Регистарот на издавачи

Условите за упис коишто треба да ги исполнат издавачите на онлајн медиуми-интернет портали се утврдени во член 5 од Правилникот

На својата 23 седница, одржана на 05.06.2025 година, Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги го донесе Правилникот за формата и содржината на пријавата за упис во регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали и за начинот на водење на регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали.

Агенцијата ги повикува сите издавачи на онлајн медиуми-интернет портали да постапат согласно донесениот правилник,  односно да поднесат до Агенцијата Пријава за упис во Регистарот. Условите коишто треба да ги исполнат издавачите на онлајн медиуми-интернет портали за да бидат впишани во Регистарот се утврдени во член 5 од Правилникот.

Правилникот и Пријавата се објавени на веб страницата на ААВМУ на следниот линк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни