Search

Авион со 62 патници падна покрај Сао Паоло, претседателот Лула објави дека сите се мртви

Фото: X

Патнички авион со 62 патници падна покрај Сао Паоло, објави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, а на социјалните мрежи се споделуваат драматични снимки од авионот.

Прекинувајќи негов говор на настан, Лула објави дека најверојатно сите патници во авионот загинале.

Се уште не е јасно што е причината за паѓањето на авионот.

„Би сакал сите да станеме за да одадеме почит со едноминутно молчење бидејќи авион падна во Виедо, во Сао Паоло, со 58 патници и четири членови на екипажот и изгледа дека сите се мртви“ рече тој.

Летот 2283 полетал од Каскавел, во бразилската држава Парана и летал со Сао Паоло пред да го изгуби сигналот нешто пред 13:30 по локално време.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како авионот неконтролирано паѓа, додека луѓето кои ги гледаат сцените врискаат од страв. На друго видео се забележува авионот во пламен.

Бразилските служби објавија дека авионот удрил во неколку куќи, бидејќи паднал во населено место.

Се уште нема потврда за тоа како се случила несреќата или за ситуацијата на патниците“ се вели во објавата на авиокомпанијата Voepass.

Извор: Си-Ен-Ен

Најново

Последни колумни