„Денеска пречекуваме 199 наши сонародници“, изјави министерот за внатрешни работи на Венецуела, Диосдадо Кабељо, на меѓународниот аеродром во Каракас.
Ова е четвртиот лет со кој Венецуелци се депортирани од САД.
Првите два авиона полетаа од Ел Пасо, Тексас, на 10 февруари, а потоа следеше лет со 177 мигранти, кои претходно биле во затворот Гвантанамо на Куба и преку Хондурас беа испратени во Венецуела.
Летови за депортација немаше откако американскиот претседател Доналд Трамп, незадоволен од темпото на репатријација, крајот на февруари ја повлече дозволата за американската нафтена компанија Шеврон да работи во Венецуела, иако претходната администрација ѝ дозволи активност и покрај санкциите кон оваа земја.
Каракас соопшти дека Стејт департментот на САД ги „блокирал“ летовите за репатријација.