Авиокомпанија им нуди на жените можност да избегнат да седат до маж

Авиокомпанијата IndieGo им овозможува на жените кои летаат со нив да избегнуваат да седат покрај машко за време на летот.

Оваа најголема нискобуџетна индиска авикомпанија им обезбедува мапа на жените на која се обележани со розова боја седиштата каде што седат само жени.

Мажите не може да ги видат овие места и поради тоа не може ни да ги резервираат. Од компанијата велат дека се одлучиле на ваков чекор за да им овозможат на жените да се чувствуваат поудобно додека патуваат.

„Ова е воведено по истражувањата на пазарот и во моментов е во фаза на тестирање. Посветени сме на нудење на неспоредливо искуство во патувањето за сите наши патници и оваа нова функција е само еден од многу чекори кои ги правиме кон остварување на таа цел“ велат од компанијата.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни